ТУТУНОТ ПЛАТЕН И СКЛАДИРАН ПРЕДВРЕМЕ

Пред стартот на новата тутунска сезона, предвреме се оконча откупната кампања на тутунот од ланската берба.

– Откупени се 27,7 илјади тони тутун со просечна цена од 182 денари. Доминира типот “Прилеп” со над 20 милиони килограми. Задоволство владее кај тутунарите за квалитетот на родот и од постигнатите цени. И откупувачите тријат раце, оти навреме ги платија преземените квалитетни количества тутун, со кои ќе заработат солиден профит. Останува уште нешто ситно да доплати Струмица Табак – вели Данчо Милески.

Добрите цени и субвенциите од 60 денари за килограм тутун ќе биде поволно пред стартот на новата реколта.

– Очекуваме раст на производство за 15 до 20 насто, оти цените се атрактивни и производството е исплатливо. Преговораме со откупувачите за нови цени за годинешната реколта. Има мала промена на цените, но не сме задоволни од понудата. Бараме втората и третата класа да се покачат на 185 , односно 145 денари, оти најголемо производство на тутун е во овие две класи – додава Милески, притоа потенцирајќи дека и годинава ќе се спроведува пилот проектот за откуп во картонски кутии.

Годинава најавени се две нови откупни фирми од Куманово и од Неготино, па ќе се зголеми и конкуренцијата на откупувачи на десет.                                                                                       

Loading