НОВА ПРОТИВПОЖАРНА СТАНИЦА

Локалната самоуправа ја почна адаптацијата и реконструкцијата на старата зграда на средното електромашинско училиште за објект за територијалната противпожарна служба. Пожарникарите ќе располагаат со над илјада метри квадратни простор. Објектот ќе има гаражи за шесте противпожарни и трите теренски возила, сали за пожарникарите и  простор за тренинзи.

– Со претстојното уривање на стариот објект на противпожарната станица, нужно е да се најде за неколку месеци итно решение за сместување на оваа витална служба. На местото на стариот објект кај железничката станица ќе се гради нов транспортен центар и автобуска станица – изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Противпожарната единица интервенира на подрачјето на општините Долнени и во Кривогаштани, дури и во Мариово.                                                                                               

Loading