БЕЗ ПРОБЛЕМ СО “ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ”

Граѓаните масовно пријавуваат проблеми со услугата на локалната самоуправа “Пријави проблем”. Со стартот на градежната сезона, продолжи нивелирањето на шахтите по градските улици да не предизвикуваат удари при движењето на автомобилите. Од пријавените 42, санирани се 29 шахти. Нивото на коловозот е доведен во иста мера со шахтите на улиците Булеварот “Гоце Делчев”, “Александар Македонски”, “Кузман Јосифоски” и на други сообраќајници. Постепено се “нормализираат” останатите повисоки или пониски шахти од асфалтот.

Досега се отстранети многу маки на граѓаните со инфраструктурата преку  “Пријави проблем”.

Loading