ТРИ ХУМАНИТАРКИ

Во ОУ “Блаже Конески”

Седмоодделенките Милена Ѓеорѓиеска, Фросина Свеќароска и Кристина Христоска се шокирале и натажиле, откако разбрале за опустошувањето на конаците на манастирот Трескавец од пожарот. Соземени, не седеле со скрстени раце, туку им светнала идеја да помогнат да се врати сјајот на  посетуваниот манастир. Во обична кутија со знакот на Црвениот крст, собрале скоро 10 илјади денари за три дена одење од училница до училница и во канцелариите. Пријатно биле изненадени од дарежливоста и парите веднаш ги префрлиле на сметката за обнова на манастирот.

Се стремат да направат репетиција на акцијата, за што побрзо да се сладат со убавините на вековитото историско и културно здание.  

Loading