ПЕХАРОТ ЗА НАУМОСКА

Зенит спортист 2012

Најдобар спортист на градов, според Зенит, е ракометарката на Жито Прилеп, Дијана Наумоска. Пехарот од редакцијата í беше врачен во неделата пред дербито со Металург.

Голманката навистина заслужи признание за настапите изминатата година. Се покажа во домашната лига и купот, каде тимот освои второ место, односно играше финале. На меѓународна сцена ги собра аплаузите во натпреварите од европскиот КПК, каде е изборен пласман во вториот круг, преку шведскиот Лундагард. Елиминацијата се случи од многу посилниот ривал, Иси Париз.

Забележителни одбрани Наумоска имаше и во репрезентацијата на Македонија, каде по откажувањето на Тања Андреева, сега е прва голманка. Максимално ја искористи добиената шанса од селекторот Гино Стрезовски на европското првенство во Србија. Во неделата пак, беше уште еднаш меѓу најдобрите, со 16 одбрани.

Признанието во рацете на Наумоска е поддршка за ракометот, редок спорт со долга традиција, кој колку – толку се претставува пред публика во салата “Арена Сонце”.

Loading