РЕПРИЗА НА 1986

Велосипедизам

Убав настан од велосипедизмот. После 27 години се одржува велосипедски Куп на Македонија во вело – крос. Возрасните ќе се потсетат на далечната 1986. Во организација на ВК Илинден в недела (13 ч.) на Могила е трката за бодови на ранг листата. Кружната патека долга два ипол километри ќе ја возат најдобрите од земјава. Меѓу сениорите, домашниот клуб ќе вози со Гоце Радески, а Диме Ангелески кај кадетите.

По трката ќе се одржи редовното годишно Собранието на ВФМ.

Loading