Низ тутунските полиња, опсипани со голема љубов, цутат прекрасни видови цвеќиња во разни бои како колоритен остров. Каранфили, рози, кали, кринови, нарциси, хризантеми, ириси, гербери, антуриуми цветаат и зима и во лето на три декари под пластеници. Педесет и две годишниот Страшо Митрески, поранешен пожарникар го “запалиле” раскошот на цветните бои, создавајќи бизнис за егзистенција. Точно 18 години е во постојан допир по цел ден, понекогаш и во мрак. “Гладно” ги голта со погледот и ги наградува со потребната “храна”. Од семка до цвет им дарува внимание, ги варди од студ со греење, а лете ги наводнува, ги обезбедува со средства за заштита од инсекти и други напаѓачи и болести. Животот го “подарува” на шарената ливада под најлони, а украсните растенија, кои се празник на очите, му враќаат “леб” за семејството.
Цвеќето на Митрески предизвикува пријатни чувства и ги краси домовите во Крушево, Кичево, Охрид, Ресен, Неготино, Кавадарци, иако поголемиот дел не веат мирис, освен белиот и розевиот ориентален крин.