Со инвентар, компјутер, печатач за непречена комуникација, опремени се просториите на Општинскиот Фудбалски Сојуз во старата општинска зграда. Тие ќе бидат од корист за сите фудбалски клубови. Професионалната асоцијација е организирана и логистички. Тоа влева надеж за враќање на фудбалот на “златните” времиња.
– Голема благодарност до Локалната самоуправа. Имаме доволно простор за ефикасна работа – вели Марјан Стојкоски, претседател на ОФС.
Иконата со “Свети Никола”, заштитникот на градов, ги краси и канцелариите на фудбалската асоцијација.