Џудо
Конечно џудо. В недела (10, 30 ч.), во салата “Арена Сонце”, во организација на ЏФМ и ЏК Сеишин ќе има државни првенства за сениори и кадети. Најдобрите од земјава се собираат да се покажат пред селекторите. Се најавуваат 100 џудисти. На трофеи отворено атакуваат домашните клубови Сеишин и Пролетер.
Во Радовиш се одржаа пионерско и јуниорско првенствто. Меѓу 130 џудисти од 11 клуба, ЏК Сеишин се истакна со 24 претставници, кои освоија 18 медали. Највисоко со пет први места се издвоија пионерите Александра Најдоска, Бојан Талески, Јован Најдоски, јуниорите Ангела Николоска и Михаела Петреска.