“ОТВОРЕНО” УЧИЛИШТЕ ЗА МАЈКИ!

Многу прегратки, искрени желби и нескриена гордост и почит за мама, го исполнија ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”за празникот Осми Март. Училиштето имаше отворен ден за почесните гостинки – мајките. Децата со пригодна програма, секој клас на свој начин, им кажаа на своите најмили, на мајките што им лежи на срцето. За  статусот на жените, мајките говореа што претставува да се биде работник, мајка и столб на семејството, како се црпи енергијата и како се одговара на секојдневните предизвици низ “трњето” на животот, претварајќи го во пат на рози. 

Loading