ОДЛОЖУВАЊЕ

Борење

Најмладите борачи во слободен стил од БК 7 Мај Леов наместо во Галабово, настап ќе имаат на силен меѓународен турнир по еден месец во Русе, Бугарија. Причините се “технички”. Тоа е шанса за борачите да ја поправат формата по доволно долгиот период.

На државното меѓуучилишно првенство во Штип, во конкуренција на 100 момчиња и шест девојки освоени се пет медали. Прва беше Катерина Мирческа, втори места зазедоа Теодор Темелкоски и Маја Дојкоска, а трети стасаа Леонардо Насески и Антонио Дојкоски.

Loading