МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ

Бокс

По пет месеци, нови погледи на боксот. Организацијата Про бокс Македонија овозможи настап на Александар Николоски во велтер категорија. Тој влегува во ринг во Билборсен, Шведска, на 16 март. Противник му е Суро Исмаилов од Ерменија. Професионалната борба ќе трае четири рунди по три минути. Со победа се обезбедува место на ранг листата од ЕБУ.

Истиот ден, во Москва, Русија, ќе има мечеви за повеќе категории и титули, со настап на врвни професионалци. Ќе се одржи сесловенска конвенција. Единствен делегат од земјава, е претседателот на Про бокс Македонија, Дарко Чатлески.

Loading