МОЖЕМЕ СО ПОСЛЕДНИОТ

Ракомет

Колку шампионот и лидерот во Суперлигата Металург е надмоќен, во иста мерка и Жито Прилеп е над екипите од долниот дел, така што после загубеното дерби добредојдено е гостување кај последнопласираната Кожувчанка, утре во Штип. Изгледот на табелата не е добар, билансот е 4 – 4 и не останува ништо друго, туку со сериозна игра да не се дозволи кикс. Штипјанки досега имаат една победа и осум порази.

За последниот меч со Металург, нема ништо ново. Се надевавме дека до финишот ќе се издржеше темпото и водството од еден – два гола разлика плус. Во второто полувреме колата тргна надолу. И немаше запирање до исходот 19-23. Во понеделникот екипата на Борче Марковски се пресели во Белград, каде одигра два меча на осмомартовскиот турнир во организација на ЖРК Милениум.

Натпреварите ранг подолу продолжуваат на 16 и 17 март, кога Филип 107 го дочекува Пелистер, а РК Прилеп дома игра со Драчево. 

Loading