Трета и општински
За разлика од првата и втората, за екипите во третата фудбалска лига има една недела продолжен одмор. Пролетниот дел од сезоната стартува на 10 март. Дали првенството ќе биде интересно одговорот е во рацете на велешки Борец, екипа неприкосновена на врвот. Конкурентите не можеа да ја следат, но има уште многу до крајот, па се верува дека барем ќе има обид да се нарушат сметките на Велешаните. Во лигата со внимание се следат прилепските тимови Г. Коњари, Партизан Обршани, Тополчани, Младост, Кадино, Млекар, Братство Житоше. За сите пред да влезат во бој на терените е обврската да ја платат втората рата од котизацијата, како и сумата за картоните. Во пресрет на првенството, на 9 март во Велес е планиран семинар за делегати и судии.
ОФС Прилеп најавува старт на 9 март за А и 10 март за Б лигата, но претходно е договорен состанок со клубовите утре (11 ч.) во просториите на Сојузот.