КАМБЕРО ОЛЕСНЕТ ЗА 800 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Како на криминалистички филм беше ограбен сопственикот на ресторанот Македонска куќа Кирил Илиоски – Камбер пред семејниот дом на улицата “Свети Климент Охридски”. Според МВР, три маскирани лица еден час по полноќ го пречекале пред неговата куќа, кога тој со џипот Волсфаген Туарег се прибирал по напорниот работен ден. Наместо одмор, доживеал кошмар. Безкрупулозните крадци, веројатно со знаење дека Илиоски е богат и со себе секогаш носи актовка со дебел промет од рестораните во Прилеп и Скопје, го напрскале во очите со спреј и му ја одзеле ташната со плен од 800 илјади денари во различни апоени и документи при обидот да излезе од џипот.

– Не минало минута-две, додека се созел од изненадувањето, арамиите исчезнале во темнината со богат плен – изјави Магдалена Димитровска, портпарол на СРВ Битола.

Според извори од МВР, украдените пари ги носел со себе затоа што требало да ги вложи во инвестиција.

Дознаваме дека и претходно бил мета на разбојници кои од неговата куќа украле златен накит.

Loading