Околу 150 илјади денари украле непознати крадци од наплатниот центар на ЕВН. Кражбата ја извршиле влегувајќи преку влезната врата, која ја скршиле.
– Арамиите влегле внатре и ги украле двата метални сефа во кои биле парите – вели Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола.
Кражбата ја забележал вработениот од ЕВН кога дошол на работа.
Полицијата трага по сторителите.