СПАС НА ЗАНАЕТИТЕ СО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ТАКСА

Ковачи, копчари, казанџии, опинчари, саатчии, рамкари, наланџии, изработувачи на сувенири се занаетите кои локалната самоуправа ќе ги стимулира како дефицитарни. Советот одлучи да ги ослободи овие занаети од комунални такси за да ги спаси занаетите од изумирање, да ги заштити неколкуте, да ја одржи традицијата и културата  и да привлече млади да ги наследат мајсториите на своите претци.

Регионалната комора на занаетчии ја поздрави одлуката и  очекуваат и други мерки за зачувување и одржување на занаетите, кои можат да бидат атракција и за развој на локалниот туризам.                                                         

Loading