Делејќи им флаери на граѓаните со совети за заштита од топлотен бран на плоштадот Методија Андонов Ченто, членките на Унијата на жените од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека во целиот летен период потребно е да се почитуваат мерките за заштита на здравјето од високите дневни температури. Оваа партиска задача ја спроведоа како продолжение на обврската за поактивен пристап за пружање на совети за помош. Граѓаните треба да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство, Светската здравствена организација и Црвениот крст кои се однесуваат за намалување на ризиците од високите температури, особено за лицата на отворен простор, најранливите групи на населението, како што се бремените жени, децата и лицата над 60 години.