ЦВЕЌЕ ЗА ЧЕНТО

Делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески со цвеќиња го закити споменикот на Методија Андонов – Ченто,  првиот претседател на Президиумот на АСНОМ за 55 годишнината од неговата смрт.

– Градските власти се должни да го почитуваат делото на својот сограѓанин, кој го даде животот, оти беше заговорник за независна Македонија – изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Во присуство на членови на семејството на Ченто и други почитувачи на неговото дело, кое доживеа рехабилитација пред петнаесетина години, и претставници на боречката организација и политичките партии се поклонија на споменикот.

Ченто на 24 јули 1957 починал од рак дома во Прилеп, откако отслужи затвор десетина години, заради неговите идеи за автономна Македонија.

Градските власти најавија преместување на споменикот на Ченто во близина на споменикот на Ѓорче Петров, што ќе биде поставен за неколку дена до споменикот на Кузман Јосифоски – Питу пред меморијалниот музеј 11 Октомври.

Loading