СПАС ОД ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ

Огромните бетонски цевки со голем дијаметар се редат како домино зад автобуската станица. Човечка рака не може да ги поткрене, па механизацијата ја врши таа работа. Ама крајниот збор сепак го имаат работниците, кои со голи раце ги нивелираат и инженерите кои гледаат да бидат наместени “под конец”. Жешкото време изгледа не им смета.  Крајна дестинација на канализацискиот цевководот е градската река. Тој ќе служи за да се избегнат поплавените улици и тротоари за време на обилни врнежи во центарот на градот.

На градот не му се непознати поплавите, па со ова решение на ЈП Водовод и канализација ќе се намали бројот на поплавени визби и штети, уништени домашни апарати и нервозни граѓани зад катната гаража и зад автобуската станица.

Loading