Министерството за транспорт и врски објави оглас за изградба на патот до манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец. Патот, во должина од 7,5 километри, широк 3,5 метри, ќе го поврзува манастирот со патната мрежа во општината. Средствата од 91,2 милиони денари се обезбедени од годинешниот буџет на Министерството. Почетокот на патот ќе е кај Новите гробишта. Првите 3,5 километри се низ рамничарско ридест терен.