КАНДИДАТ ЗА ТРЕТ ПОРАЗ

Нарцисоидните момчиња обоени во сино, поучени од лошата политика водена пред десетина години кога направија погубна политичко психијатриска опсервација со тогашниот прв човек, токму од нивните редови и лошите изборни резултати пред три години кога актуелниот градоначалник Марјан Ристески го порази својот социјалдемократски противник со 3:1 во гласови, одлучија номинацијата на кандидатот за овие избори да ја направат многу порано за да ги убедат граѓаните дека актуелната локална власт нема ништо направено за градот.

Социјалдемократскиот кандидат за градоначалник го интересираат само разни трансакции со кои ќе си го подобри финансиското конто. Тоа му е добро познато со повеќегодишното работење во приватната фирма, каде во одредени моменти ја почувствувал сласта на добивката.

Што може да понуди социјалдемократот кога актуелниот градоначалник, градов од мртов и запоставен, го претвори во  европски?

Со многуте реализирани проекти на Ристески, на кандидатот на  социјалдемократите не му останува ништо, освен да му подаде рака на ривалот да продолжи за доброто на прилепчани.  

Дипл. екк. Рубинчо Јованоски

Loading