ПАРАДА НА СВЕТСКИТЕ КАРНЕВАЛЏИИ СО РАСКОШЕН ОГНОМЕТ

Со спектакуларен огномет кој ја направи ноќта ден во различни бои, со дефиле и со доделување медали на околу 130 учесници на камената бина на плоштадот “Александрија”, свечено се отвори 32-та меѓународна конвенција на карневалските градови. Блеснаа медалите на градите на делегатите од Малта, Сан Ремо, Холандија, Италија, Португалија, од Белгија, САД, Луксембург, Франција, Русија, Колумбија, Албанија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора кои ќе ги носат до 3 јуни.

          Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека градот е почестен што е домаќин на 20 нации 7 дена, а во Прилеп се пресели светот во мало.Тој рече дека е среќен што имаме шанса за промоција на богатата традиција и културното наследство.

{vsig}PULS/208/karneval{/vsig}

          – Се потрудивме европското да стане македонско, а македонското – европско. Покажеме дека располагаме со вештина и дарба за домаќинлак на голема меѓународна манифестација – рече Ристески.

          Претседателот на Меѓународната федерација на карневалските градови ФЕЦЦ, Хенри Ван Дер Крон, изјави дека сите нации – гости го чувствуваат духот на Прилеп.

          – Среќен сум што сум овде со многу гости и домаќини. Насекаде се  чувствува духот на градот. Имаме прекрасна недела за дружење – рече Ван Дер Крон.

          За збогатување на амбиентот, а во светлото на карневалска манифестација, дефилираа мажоретки во придружба на градскиот дувачки оркестар и дел од учесниците на прилепскиот карневал “Прочка”.

          Делегатите имаа изборно собрание во Крушево, оти градот претендира да стане нова членка на Федерацијата на карневалските градови.

Loading