Реизбраниот претседател на европската асоцијација на карневалските градови Хенри Ван Дер Крон, за време на дефилето низ градот на 130-те делегати на 32 конвенција со градоначалникот Марјан Ристески излезе од колоната и ги гушкаше мажоретките. Тој уште еднаш ја демонстрира страста кон карневалите, оти животот го посветил на маските. Мажоретките беа малку изненадени, но се израдуваат на неговата прегратка.