ТРИУМФ НА ОТПОРНИТЕ И ПЕРСПЕКТИВНИТЕ

Избрани најуспешните бизниси лани

ДОМИНАЦИЈА НА ДЕНИ КОМПАНИ, КУЛИ И ТЕРАКОТА. МИКРОСАМ, ЕУРОТЕРМ И РОЈТЕМ. ДИЗНИЛЕНД, ЗЕМЈОДЕЛЦИ И АЦЕТОНИ

Во организација на неделниот весник Зенит и Регионалната стопанска комора од Прилеп во ресторанот Сонце се избраа најдобрите бизнисмени за минатата година. Традиционалната манифестација се организира да го поттикне  претприемништвото, кое успева жилаво да опстојува во услови кога последиците од светската криза се рефлектираат и кај нас. На третиот Избор на бизнис на годината, што неделникот Зенит го спроведува со Регионалната стопанска комора, за 2011 година, во категоријата на големи компании наградите ги понесоа ДЕНИ КОМАПНИ, КУЛИ И ТЕРАКОТА. Овие претпријатија со над сто работници импонираа со успеси и одолевање на неповолните економски текови, забележувајќи раст на продукцијата. И не само тоа. Дури успеаја да инвестираат и затоа се искачија на тронот на најуспешните. Од средните фирми, за најуспешни за минатата година беа прогласени МИКРОСАМ, ЕУРОТЕРМ И РОЈТЕМ. Трите помали фирми се качија на пиедесталот на бизнимените, бидејќи лани покажаа исклучителна инвентивност во откривањето и анимирањето на нови пазари, трасирајќи пат, главно за извоз, но и привлекувајќи нови домашни муштерии, благодарение на квалитетот и примамливите цени на производите и услугите.

{vsig}BIZNIS/206/izbor{/vsig}

Со признанија се закитија и малите фирми – Слаткарницата ДИЗНИЛЕНД, ЗЕМЈОДЕЛЦИ И АЦЕТОНИ. Трите стопански субјекти стабилно чекорат со години по бурните води на бизнисот. Успеваат да напредуваат постепено, не влегувајќи во ризици и неизвесности. Наградите им ги врачи извршниот директор на Регионалната стопанска комора, Ристо Најдоски, а од името на Управниот одбор успехот им го честита Ирена Јакимоска. На манифестацијата неделникот Зенит го одбележа и четвртиот роденден.

Loading