ПРОМОЦИЈА НА “ЗАПЕЈ МИ ПЕСНА ГЛИГОРЕ” ОД ВИКТОР ГАЛЕСКИ

Драмата “Запеј ми песна Глигоре” од Виктор Галески ќе се промовира вечерва од 19 часот во Библиотеката. Книгата е прв обид на Галески во драмската уметност. Преку овој биографско драмски текст авторот исполнува завет. Галески пишува поезија од порано. Првата збирка му е  “Калеидоскоп” од 1994 година. Стихови објавувал во списанијата Разгледи, Нарцис, а застапен е и во зборникот на прилепските писатели “Прилепското писмо”. Поезијата му е преведувана освен на Есперанто јазикот и на норвешки.

Loading