Модерен влез

За неколку месеци на главната артерија на влезот во нашиот град од страна на Градско ќе има инфраструктурна ренесанса. Со проектот ,,Авенија,, нашиот град ќе има убав и безбеден влез. Кредитот од 500.000 евра со 10 годишна отплата и со грејс период од 3 години моментно е на разгледување во Светска банка. Најважно е дека кредитот нема ново даночно оптоварување кај прилепчани.  Со овој грандиозен потег, ревносниот градоначалник Ристески, докажува како треба да се вложи наменски секој денар. Излезите кон Крушево и Македонски Брод се освежени со нов слој на асфалт. Централното градско подрачје е асфалтирано 95%, а на периферијата останати  уште 20-тина улички за асфалтирање. До 2005 година 60% од градот беше неасфалтиран. Наликуваше на запуштено место. Во тоа време нарцисоидните плави момчиња теоретски ги асфалтираа сите улици, но практично немаа ниту 1% реализиран зафат. Се асфалтираа улици и ,,крпеа,, дупки само во центрот. Граѓаните од периферијата се чувствуваа како од втор ред. Со реинкарнацијата на овие делови од градот каде се асфалтираа и многу тесни улички со квалитетен асфалт се врати самодовербата кај населението. На крајот, да му оставиме на Ристески до го заокружуви неговиот втор градоначалнички мандат, а тоа е март 2013 година и 100% да го асфалтира нашиот град.

Дипломиран економист, Рубинчо Јованоски

Loading