За потенцијалните инвеститори, локалната самоуправа објави продажба на парцела за градба на станови и деловни објекти на површина од 2449 метри квадратни во близина на ул “11 Октомври”, во продолжение на зградата Табана, на местото на врмените дуќани над каналот. Според проектот, станува збор земјиште за колективно станбено домување со околу 130 станови и дуќани во приземјето со височина од 30 метри или приезмје за деловни објекти, плус девет ката и поткровје. Електронското наддавање е закажано за 7 мај, а почетната цена е 1380 денари, односно 1280 денари за метар квадратен. Локалните власти најавија уште една локација, чија подготовка е при крај, по што ќе се распише оглас за електронско наддавање. Станува збор за локацијата во дел од касарн та кон улицата “Борис Кидрич”. Очекуваме турски компании, заинтересирани за градба. Бизнисмен Хусеин Осман, сопственик на градежната компанија Еге кооп, најави првпат да инвестира надвор од Турција во изградба на станбени објекти во Скопје, Битола, Прилеп и Кочани – рече Ристески. Локалните власти подготвуваат детален план за градба на индивидуални куќи на неколку десетици хектари во новата населба Градина, на местото на сегашните оранжерии.