Најмногу струки под еден покрив

Дејан Димоски директор на СОУ “Ѓорче Петров”

Најмногу струки под еден покрив 

911 ученици се оспособуваат за десетици профили 

Дефицит на кабинети 

Pretendirame na samo odrzlivost so dobro menadziranje - Dejan Dimoski direktor na SOU ,,Gorce  Petrov,,Речиси две години на позицијата директор е Дејан Димоски, поранешен професор по спорт во СОУ “Ѓорче Петров”. Образовната кариера ја почнал во 2003 година како наставник во ОУ “Кочо Рацин”. После станал професор во СОУ “Ѓорче Петров”. Не е лесно да се менаџира училиште со многу струки и профили. И порано училиштето било со повеќе струки со различни директори. Струките се распрснале по градските училишта, а од 90-те години се вратија под еден покрив, што сметам дека е најдобро решение – вели Димоски.

 

 

Постепено реновирање

Во училиштето има над 70 луѓе, а професорскиот кадар е релативно млад. Одличен е спојот на младоста и искуството. И психолог и педагог се на располагање на учениците.

– Точно 911 ученици се оспособуваат за профилите. Покрај интересот за здравствената струка – фармацевтски техничар, медицинска сестра и новиот профил – физиотерапевт, има доста ученици за козметички техничар и фризер, текстилно кожарска струка, шумарско дрвопреработувачка со профилите техничар за мебел и геолошко – рударска струка. Изборот е голем, но и одговорноста да се менаџира. Имам помош од стручната служба. Таа е ми “десна рака” – истакна директорот.

СОУ “Ѓорче Петров” постои од 1963 година. Објектот е застарен, но со проектите финансирани од локалната самоуправа и Министерството за образование, изведени се реновирања. Заменет е покривот, преку ИПА фондовите собрани се средства и заменети се подовите, дограмата и столаријата. Фрлени се пампурите. Заменети се со автоматска котларница и централно парно греење. Горди се на новата спортска сала, опремена со туш-кабини, соблекувалници и канцелариски простор. Салата е мулти- функционална. Кога не се користи од учениците, граѓани ја закупуваат со термини за користење. Излегуаат во пресрет со салата без надомест на ОУ “Кире Гаврилоски- Јане”.

Merak za sportuvanje vo novata sala– Имаме одлична соработка со советот на родителите кои даваат издржани сугестии и донации за проекти. Со нивни средства се набавени заштитни пердиња, разгласна табла и репроматеријали за практичната настава. Активна е и младинската организација со иницијативи на  многу настани. Нивна беше идејата за панаѓурот и посетата на старскиот дом. За денот на здравствените работници ќе организираме бесплатно мерење крвен притисок на Плоштадот, учениците да ја усовршат праксата и комуникацијата со луѓето – акцентира Дејан Димоски.

Бидејќи се потребни практични часови за секоја струка и профил, учениците од втора, трета и четврта година од здравствената струка соработуваат со Болницата. Текстилно кожарската струка ги посетува конфекциите “Кули” и “Васидора”. Дрвопреработувачката струка “го печи занаетот” во “Дени мебел”.

Минус со кадар и простор

“Рак – рана” се неадекватните услови за пракса за струката – лични услуги. Сепак, во мали простории, се изведува наставата и излегуваат квалитетни кадри. Потребни се уште две училници и пет кабинети. Разговарано е со градоначалникот Марјан Ристески и министерот за образование. Постојат надежи за просторно решавање во летниот период да не се наруши наставниот процес. Потребен е и кадар за одржување на хигиената и администратор за компјутерската мрежа.

Pretstoi doteruvanje na starata fasada– Се планира реконструкција на фасадата на објектот и уредување на училишниот двор. Имаме слух од локалната самоуправа. Со советникот за образование Марјан Матракоски имаме постојан контакт и “алките на синџирот” функционираат одлично – вели Димоски.

Завидни се релациите со невладиниот сектор. Младинската организација постојано разменува искуства со НВО Сега и со Младински културен совет. МВР е присутно во училиштето со едукација на учениците за безбедноста во сообрајќајот и опасноста од пороците. Со презентации на своите творби, учениците се присутни на сите факултети за да имаат взаемна корист.

– Учениците изработија календар со деца – наши модели, поставена е веб страница за привлекување на основците и за информирање на учениците. Библиотеката е збогатена со над 300 наслови стручна литература и белетристика – кажа директорот.

Димоски се носи со идеја училиштето да стане самоодржливо, а родителите да не се изложуваат на трошоци. Планирано е производите на учениците да се нудат на продажба.

– За да биде општествено одговорно, училиштето преку УНДП е вклучено во програма за дообразување на возрасни. Почнавме со 10 невработени луѓе во Агенцијата за вработување. Сега се обучуваат за фризери, а понатаму не е исклучено профункционира да обука и за други струки – потенцира директорот.

Конкурирале за програмата “Леонардо да Винчи”, организирана од Нациолната агенција за европски образовни програми, да најдат партнерско училиште од Англија со исти струки за да се пренесуваат знаењата и искуствата од тамошниот образовен систем.

– Училишната максима е едноставна – “Денес ученик – утре стручнак”. Таа укажува дека целокупниот кадар претендира од клупите да излезат млади лица, подготвени да се втурнат во костец со предизвиците на пазарот на трудот – заврши Димоски.

Loading