Насловите “бодат” очи

Анкета кон 200-от број на Зенит

Dragan Colovic

Драган Чоловиќ – Ако ми дојде при рака го пролистувам. Ме интересираат огласите и бизнис секцијата. До информации најчесто доаѓам преку интернет. За работни потреби, нема подобро од весник, каде лесно се доаѓа до посакуваната информација.

 

 

 

Mitko ZlateskiМитко Златески – Го читам весникот од “А до Ш”. Сиот е интересен, оти го пишува за она што е градска актуелност. Најинтересни ми се страните Актуел и Бизнис. Во тек е со настаните и нема каде на друго место човек толку опширно да се запознае со проблемите, решенијата и новините во градов.

 

 

 

 

 

Vasile BunteskiВасиле Бунтески – Најмногу ги сакам старите фотографии, оти ме потсетуваат на младоста и на тоа како изгледаше градот порано. Би било подобро да е во боја, ама и вака е добар. Може да се прошири со некоја страна повеќе, затоа што градов заслужува повеќе внимание. Има сé што е потребно за еден добар локален весник.

 

 

 

 

 

Jovan RisteskiЈован Ристески – Го читам редовно. Сите содржини се интересни. Најмногу време им посветувам на спортот и за актуелностите во Општинава. Би можело да се додаде некоја страница плус, за да биде поопширно кажаното за градов. Како на постар читател, не ми е проблем што е во црно-бело издание. Помладите би сакале сликите да ги видат во колор техника.

 

 

 

 

Milena VukajlovikМилена Вукајловиќ – Бидејќи сум студент по архитектура, го наоѓам Прилеп како многу интересно место со доста знаменитости. Го читам на интернет и се интересирам за урбанизацијата на овој стар град. Сајтот може да претрпи некои измени за полесен пристап. Ја следам рубриката за култура, а интересни ми се животните стории.

 

 

 

 

 

Biljana JagurinoskaБилјана Јагуриноска – Редовен читател сум на Зенит. Ме интересираат сите содржини, затоа што е лесно читлив медиум преку кој се запознавам со градските новини. Насловите се одлични и веднаш паѓаат во очи. Најмногу ја читам рубриката Актуел. Би сакала да се додаде некоја патеписна репортажа во весникот. Опфатен е целокупниот живот во Прилеп и сакам да продолжите во оваа насока.

 

 

 

Bogoslov BardakoskiБогослав Бардакоски – Весникот го читам кога ќе ми падне в рака, затоа што веднаш го разграбуваат колегите. Интересен е и различен од другите, затоа што е искучиво за Прилеп. Го пренесува најдобро пулсот на градот. Најинтересна ми е спортската рубрика.

 

 

 

Velince LesnoskaВелинче Лесноска – Родум сум од Струга, а одамна сум во Прилеп. Го сакам градскиот дух, кој весникот го доловува. Интересна ми е рубриката за Бизнис, Актуел и Јазичен агол. Насловите доловуваат прилепскиот мајтап. Би сакала повеќе теми, поврзани со историјата и со култрата. Интересни се и старите фотографии.

 

 

 

 

Risto ToseskiРисто Тошески – Весникот е одличен. Се запознаам со градските актуелности. Ме привлекуваат сториите за личностите кои се “анонимуси”, а имаат што да кажат. Весникот ги популаризира културата, спортот и ги афирмира достигнувањата на децата.

Loading