Нови лидерки

УЖ на ВМРО ДПМНЕ

Ново раководство има Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ. Претседател е Христина Трпческа, дипломиран учител и воспитувач, директор на градинките “Наша иднина”. Трпческа е постдипломец по менаџмент на човечки ресурси. Доаѓа на местото на Соња Блажевска. Нови потпретседателки се Кети Благоеска, инженер технолог и магистер по бизнис администрација, Габриела Јосифоска – Димеска, магистер по филолошки науки и Наталија Ацеска, магистер по екологија. Секретар е Габриела Златеска, инженер технолог. Новиот тим ќе се залага за подобрување на животот во сите сфери во согласност со етичките вредности и ќе придонесеме во развојот и збогатувањето на животот на членството и на граѓаните – рече Трпческа.

Loading