СДСМ во подготовка за локалните избори в година

Црвенковски во Прилеп

“Локалните избори во март в година, ќе бидат референдрум за власта, дали го има легитимитетот, дали ќе остане или треба да си оди. Ќе ги добиеме локалните избори, а по нив да запнеме да издејствуваме предвремени парламентарни избори.” Ова меѓу другото го рече Бранко Црвенковски, претседателот на СДСМ на трибината во ЦК “Марко Цепенков”, најавувајќи почеток на битката. Лидерот на СДСМ се осврна и на тешката економско – социјална состојба во која се наоѓа Македонија. Тој посочи дека Министертсвото за труд и социјална политика ги бришат списоците на наевработени. За евроинтеграциските процеси, Црвенковслки рече дека пред 6 години, Македонија била рамо до рамо со Хрватска која веќе стана членка, а и Србија и Црна Гора ќе добијат кандидатски статус, а Македонија назадува со преговорите. Пред Црвенковски, обраќање имаше и претседател на СДСМ од Прилеп, Илија Јованоски.

Loading