Маж се фрли под воз на станица

Сé уште неидентификуван маж на возраст меѓу 50 – 60 години се фрли под патничкиот воз кој сообраќа на релацијата Битола – Скопје. Несреќата се случи на десетина метри од железничката станица. Ова е втора жртва која трагично завршува со самоубиство, со фрлање под воз за не полн месец. Пред четири недели на шините пред локомотивата застана 39 годишна прилепчанка. Според очевидците, додека патниците го чекале возот на станицата, машко лице застанало изненадно на шините. Машиновозачот успеал да сигнализира со сирената, но имал малку време да ја запри машината, иако возот се движел бавно. Самоубиецот претходно стоел со две други лица. Луѓето заминаа, а тој се “фрли”. Возот свиреше а после го влечеше околу 20 метри – вели очевидец. Екипата на Итната медицинска помош само констатирала смрт. Истражен судија и полицијата вршат увид на настанот и го утврдуваат идентитетот на починатиот. На 17 јануари пред возот застана 39 годишната Светлана Златеска.

Loading