ГРГА ВОДА

Се подобрува водоснабдувањето

Секое домаќинство во највисоките зони добива најмалку 8 часа вода во едно деноноќие, а пониските населби веќе имаат 18 часовно водоснабдување. Според директорот на ЈП Водовод и канализација, Сашо Николоски, се подобрува водоснабдувањето со редукцијата на линијата кон Крушево од регионалниот водовод. Со тоа Прилеп ноќе добива од 150 – 160 л/с, при штедрост на изворот Студенчица од околу 600 л/с. Градот денски има на располагање околу 80 л/с. Со оваа количина на вода воспоставивме рамнотежа во водоснабдувањето. Високите делови, населбите Рид, Тризла, Точила добиваат наизменично вода. Со оглед на малата количина на вода, задоволни сме од распределбата. И граѓаните сфатија и нема сериозни поплаки. Отсранети се сите дефекти. Заменети се пукнатите водомери и одмрзнати се замрзнатите линии, предизвикани од екстремно ниските температури. Имавме 860 интервенции. Водоснабдувањето е стабилно, освен на некои повисоки делови од градот – вели Сашо Николоски, директор на ЈП ВиК. По најавата за уште еден студен бран и спуштање на температурите под минус 15 степени, повторно од ЈП Водовод и канализација очекуваат зголемување на потрошувачката на водата. Доколку продолжи редукцијата кон Крушево ноќе и ако добиваме 150 л/с, ќе продолжиме со акумулација на одредена количина вода во двата резервоари во Варош и на Топташ за наредниот ден да ја пуштиме кон потрошувачите. Нема да има поголеми осцилации во водоснабдувањето – вели Николоски.

Loading