Најмногу се заинтересирани македонците бизнисмени од Австралија за вложувања во градежништвото, особено со проектот “Купи кука – купи стан”. Бизнисмените од петтиот континент сакаат да вложуваат во малите и средни фирми и изградба на производствени капацитети во слободните економски зони. Ова го истакнаана Милорад Додевски, пратеник во македонското собрание од Австралија и Горан Торбаков, советникот на пемиерот за странските инвестиции и дијаспората во Регионалната стопанска комора. Тие пренесоа дека во Австралија се поддржуваат позитивните промени за подобрување на бизнис климата во Македонија и инвестицискиот план и во Прилеп. На пазарот на петтиот континент повеќе години се присутни со своите производи трите компании Витаминка, Прилепска Пиварница и Дониа.