Шесто место

Кошарка

Ултимејт баскет го победи на гости со 68 – 80 последното Неготино и со двата бода се искачи на шестото место од второлигашката табела. Врзани се две победи, покрај претходната дома со есенскиот лидер, струмички Милениум. Билансот е четири победи (уште над Пелистер и Гоце Делчев) и пет порази, со 13 бода. Одличниот финиш дава оптимизам за побериќетна пролет. Наша амбиција беше и остана врвот. Сите сили ќе ги вложиме да го надополниме пропуштеното – вели Влатко Атанасоски, тренерот и претседател на клубот. На табелата Милениум има 16 бода (седум победи и два порази), пред Гоце Делчев, Пелистер и Ангели по 15. Лигата продолжува на 11 февруари, кога У. Баскет гостува на Тетекс во Тетово.

Loading