Одмор до 15 јануари

Фудбал: План за подготовки на 11 Октомври

Според планот на тренерот на прволигашот 11 Октомври, Трајче Илиоски, стартот на подготовките е закажан за 15 или 16 јануари. Одморот ќе трае еден месец. Првите седум дена ќе се тренира во градов, а после во туристички центар. Во третата фаза се пријателски средби. Планот го разгледува Управата. Илиоски изготви стручна анализа за настапите во есенскиот дел, каде тимот се пласираше на последното место од табелата. Документот ќе биде претставен пред водечките луѓе  на клубот и од кој ќе произлезат заклучоци. Таинствено е што ќе се случи со играчите. Не се знае кој заминува и кој останува? На првото прашање нема долго да се чека. Се прави трансфер листата за фудбалерите кои ќе можат да побараат нова средина. Имиња нема предвреме, само шпекулации, а се споменува напаѓачот Марковски. Со заминување на дел од првотимците, остануваат места за “пополнување”. Ќе се почека квалитетот на новите. Преовладува ставот дека млади, надежни и со силна желба за афирмација на прволигашката сцена во овој момент се најпогодни за 11 Октомври.

300 факели над Маркови кули

Навивачите “Мајмуни” одбележаа 25 години од постоењето. Над 300 факели блеснаа низ силен огномет над Маркови кули. Се послужи и роденденска торта, а во Центарот за култура се поставија 50 фотографии. Се собраа разни генерации, евоцираа спомени. Од 1986 групата се викаше “Маркови внуци”, со Горан Стеваноски – Кец и Рубин Алексоски, а 10 години подоцна се преименува во “Мајмуни” со Дејви Спиркоски и сегашниот лидер, Блаже Димоски – Бибио.

Loading