Две Црногорки заминаа, три останаа

Ракомет: Промени во Жито Прилеп

Отпуштања во женскиот ракометен клуб Жито Прилеп. Заминаа две првотимки, Црногорките, бекот Андреа Кликовац и пивотот Ана Стојановиќ. Нема официјални информации. Се шпекулира дека имало недоразбирања. Тренирам со останатите. Не се занимавам со причините за заминувањата. Се подготвуваме за претстојниот меч дома со Будуќност на 19 јануари – вели Менде Петлески, тренерот на Жито Прилеп. Заминатите беа првотимки кои по доаѓањето летоска имаа место во првата постава. На последниот саботен меч дома со Заечар (23-36), Кликовац играше до повредата и даде еден гол, а Ана Стојановиќ постигна најмногу во тимот, седум. Ке се пополнат празнините, бидејќи од 16 играчи, ги нема бековите Когој, Кликовац и Ивана Петковска, која замина во Шведска, на позиција пивот е без Стојановиќ, а повредена е Илиеска. Останаа три Црногорки и сите се крила, Павичевиќ, Стојановиќ и Матановиќ. Тука е и Романката, голманот Јаломитеану. Има неколку домашни, други пет од страна, а приклучени се пет младинки. До Нова година треба да се одигра барем еден пријателски меч, проверка пред  дуелот со Будуќност.

Loading