Полицијата пак сектор за внатрешни…?

Првиот човек на јавната безбедност на МВР Љупчо Тодоровски ќе побара смена на законот, со кој Прилеп ќе се врати во сектор за внатрешни работи од сегашниот статус на полициска станица во рамките на СВР Битола. Во следните измени на законот, ќе побарам Прилеп да биде сектор за внатрешни работи, бидејќи безбедносната состојба е подобрена. Прилепската полиција е пред останатите градови во поглед на откривање на кривичните дела – изјави Тодоровски на разгледувањето на реновираните простории на полицијата.

Loading