Српскиот првак во арена “Сонце”

Ракомет: Утре (15, 30 ч.) Жито Прилеп – Заечар

Гостинките фаворитки, домашните кон достоен отпор

Конечно реномираниот тим на Заечар доаѓа во арената “Сонце” да го одигра утре (15,30 ч.) одложениот меч од 1. коло на Регионалната лига со Жито Прилеп. Српскиот првак е фаворит. Оттука фокусот е кон извлекувањето што повеќе од можностите на домашниот тим. Со дуели против големите ривали, се добиваат неопходно искуство. Противникот е силен и не се оптоваруваме, туку треба да одиграме. Мечот ќе покаже до каде сме – вели Менде Петлески, тренерот на Жито Прилеп. Наследникот на клупата нема волшебно стапче. Прифати да работи макотрпно и трпеливо. Недостатоците отворено се кажуваат заеднички да се дојде до решение. Раздвоеноста итно ја надминуваме. Не се игра поединечно, туку со шест во напад и одбрана. Со сплотеност има успех – порачува Петлески. Квалитетните ривали како Заечар се пример од кои се учи, а во тимот има простор за прогрес на младите. За младиот тренер и младиот тим треба поддршка од трибините. Жито Прилеп има две победи во Регионалната со Раднички Белград и Бисери Плевља, три пораза од Металург, Будуќност и Јагодина, а во таа група на фаворити е и утрешниот гостин, Заечар.

Јаломитеану на гол

Кон Жито Прилеп е приклучена голманката од Романија, Михаела Јаломитеану. Голот го брани со колешките Дијана Наумоска и Сандра Дурланова. Заминува само бекот Ивана Петковска во Шведска. Шест од младинскиот погон се префрлени во првиот тим, кој на тест го совлада 33-26 младиот Металург во Скопје.

Loading