Идол ми е Горјан Петрески

Виделина доживеа збирката поезија “Мисија” на талентираната тинејџерка Теодора Силјаноска на 15 годишна возраст. Гимназијалката со поетско публикувано првенче сака да пишува, Стиховите се посветени на прерано згаснатиот живот на интерпретаторот Тоше Проески. Пишува од прво одделение. Литературата е мој избор, насока и за понатаму. Омилен автор ми е писателот Горјан Петрески – вели таа. Зад неа стојат повеќе награди, а, покрај поезијата, свири на виолина и е надарена за цртање.

Loading