Подмладување е планот

Фудбал: По последното место на 11 Октомври

Заврши есенскиот дел во Првата фудбалска лига, најлоша за 11 Октомври, последен со 10 бода. Можеше подобро да изгледа, ако не се случеше шокантниот меч дома со Напредок, од сигурни 2-0 преку Владимир Мојсовски, во последните три минути до мизерни 2-2. Како да се преброди? Мора да се бара надеж и оптимизам. Знаејќи кои луѓе го водат клубот, силно поддржани од Витаминка, нема сомневање дека ќе бидат вложени максимум напори. Условите се како за тим кандидат за титула, а ваму срамно е дно на табелата. Со последно место доаѓаат промени. Останува да се сочека колкави ќе бидат. Играчкиот кадар имаше шанса, ама не се покажа. Се виде кој колку се залага или си тера по свое, кој колку може во највисокиот ранг. Потребни се млади играчи, кои сакаат да го прифатат предизвикот и да се потврдат со труд, дисциплина и пожртвуваност. Со нетрпение се чекаат првите потези во 11 Октомври.

Loading