Најчист бокс

Николоски победи 39-37

Александар Николоски го победи Унгарецот Имре Шимон на професионалниот бокс меч во категорија до 66 кг., во верзија на Европска боксерска унија. После четирите рунди, судиите гласаа 39-37, а немаше да биде неправда и обратно. Ривалот одеше на серија, а јас на прецизни удари. Замисленото го спроведов. Победив поискусен борец – рече Николоски. Гледачите видоа најчист бокс досега, за разлика од порано кога имаше наместени мечеви.

Loading