Оставка на Јованоски

Пинг – понг

Зоран Јованоски размислува за оставка на местото тренер на пингпонгарскиот прволигаш, Младост. Поттикната е поради многу причини, пред се од немање основни услови за работа во клубот, кој е лидер на табелата и со шанси за враќање на титулата, која ја освои двапати. Сала немаме ни за тренинзи, ниту за натпревари. Играме на други места. Исто е со мрежи, семафор, практично ништо немаме – вели Јованоски, кој по потреба е играч, а и селектор на репрезентацијата на Македонија. Останува да се сочека ставот на Управата. Клубот навистина е во тешка ситуација, откако салата зад ДТВ Партизан пред седум месеци е затворена оти нема струја од неплатени сметки. Младинските школи не можат да функционираат. Младите се разбегаа, некои преминаа во други спортови, ракомет, одбојка. Неиздржливо е – истакнува Јованоски. Во последното коло Младост со 5-4 го совлада Ѓ. Петров и со максимални 14 бода е есенски првак, а по победата над Струга со 5-4 четвртото место е за Младост 96.

Loading