Со најдоброто од домашната естрада, прилепчани ќе ја дочекаат Новата 2012 Година. За најлудата ноќ за забавата да ја направат “топ”, локалните власти изборот го направија за Каролина Гочева, Зуица Лазова и Наум Петрески. Ако пред неколку години, гостуваа Психомодо поп и Филм, журката ја создаваа кул Владо Јанески и Селимова – Желчески, сега нема поубава забава, отколку на своето со своето! Празничната атмосфера ќе се надополни со новогодишниот декор. Прилепчани ги чекаат и снежните топови кои, сега засега, се одлична супституција на природната бела покривка која сите ја чекаат, особено најмладите.