Изнагледавме репрезентации

Љубителите на фудбалот се изнагледаа натпревари за кусо време есенва меѓу репрезентации. Серијата меѓународни дуели на стадионот “Гоце Делчев” почна на 22 октомври, кога женската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП загуби катастрофално со 0-9 од Италија. Нашите толку немоќни, не го поминаа центарот, гостинките ќе победеа и без голманка. Четири дена подоцна, беше мечот со лутиот ривал, Грција. Македонскиот национален тим со борбена игра изваде сензационално реми 1-1 со мајсторски гол од 25 метри на Наташа Андонова. Избраничките на селекторот Добре Димовски го бендисаа прилепскиот терен и тука одигра уште двапати. Во саботата беше неочекуваниот пораз со 2-6 од Босна и Херцеговина, а завчера нов неуспех 0-3 од Полска. Полјакинките дадоа три гола до 11. минута, а после ниеден. Нашите се созедоа и можеа до гол, ако унгарската судијка досудеше пенал. Многумина играле на обложувалница “седум плус”, но не паднаа толку голови и како наврнати заминаа. На табелата прва е Италија, втора Русија, трета Полска, четврта Босна, петта Грција и последна Македонија. И пак тука не е крајот за репрезентативните настапи во градов. Машката репрезентација на Македонија играше пријателски меч со Албанија на 15 ноември, кој беше најсиромашен со голови 0-0, но најбогат со гледачи – близу 5. 000.

Loading