Опстанокот е остварлив

Фудбал: 11 Октомври по серијата прволигашки успеси

Управата и спонзорот се главни мотиватори, а преостана само на играчите да го дадат своето

После мечот вчера дома на 11 Октомври со Хоризонт Турново ( – ), се врати прволигашкиот фудбал во градов по два месеца. Тешко се издржа суспензијата од три меча на неутрален терен, за бодови во Струга со Силекс (1-2) и куп со Вардар (2-1), а во Струмица првенствен (2-2) со првакот Шкендија. Пред свои гледачи и без публика е многу различно. Навикнати сме со навивачи. Настрана е голем хендикеп. Гостите охрабрени успеваа да бидат рамноправни. Друго е со поддршка на три – четири илјади приврзаници. Публиката е 12-от играч – вели Трајче Илиоски, тренерот. Клубот е позитивен пример како се издржува во најтешкото. Нема тајна дека Управата и спонзорот се главни мотиватори, храбреа, влеваа расположение и оптимизам, а преостана само на играчите да го дадат своето. При порази и последно место, се купува нова опрема и се зборува за опстанок. Кој би рекол дека личиме на клуб за дното. Сé е средено, сите обврски исполнети, професионално. Така е оти имаме полна доверба во тимот и се бориме за спас до крај – најавува Димитар Спиркоски, претседател на 11 Октомври. Нареден меч е в понеделник, кај конкурентот за опстанок, Тетекс во Тетово. Потоа се уште два дуела до есенскиот крај, на гости на 3. декември кај Работнички и дома на 10 декември со Напредок.

Најавени засилувања

Напролет ќе има засилувања. Во клубот не се приврзаници на играчи за потполнување на број, туку фудбалери со квалитет. Зимава се очекуваат нови во сите линии на 11 Октомври.

Loading