Заечар гостува напролет

Ракомет: Жито Прилеп застана на пет меча

Ракометарките продолжуваат со тренинзи

Женскиот ракометен тим на Жито Прилеп предвреме ја оконча есенската полусезона во Регионалната лига. Причина е одложување на еднаш одложениот меч дома со српскиот Заечар од првото коло. Натпреварот ќе се одигра напролет. Нема шанси да се игра, оти доаѓаат репрезентативни натпревари и тимовите се некомплетни. Мечот со Заечар ќе го играме в година – вели Ристо Магдинчев, тренер на Жито Прилеп. Со крајот на сезоната не завршуваат тренинзите. Според Магдинчев, нема застој. Се работи по двапати дневно. Куса пауза ќе има само од понеделник до петок. Доволни се пет дена за одмор. Така до новогодишните празници. В зима планираме задржување на кадарот, неколку засилувања и пријателски мечеви – најавува Магдинчев. Екипата останува со петте меча, на кои забележаа две победи со Раднички Белград и Бисери Плевља и три пораза од Металург Скопје, Будуќност Подгорица и Јагодина. Билансот е задоволителен. Планираното е постигнато. Само Металург не надигра и победи високо, а со Будуќност добро се носевме. На Јагодина и париравме 40 минути – смета Магдинчев. Будуќност до пролет е прв со осум, пред Металург и Јагодина по шест, Жито Прилеп со четири е четврти, Заечар има два, а Бисери и Раднички се без бод во Регионалната лига.

Loading