Икона за големиот Тошак

Почести за Велшанецот

Присуството на тренерската легенда, Џон Тошак, селектор на македонската фудбалска репрезентација и поранешниот стратег на Реал Мадрид Беше почестен со икона од Свети Никола за спомен од градоначалникот Марјан Ристески. Тој се увери дека сме гостожубив народ. Велшанецот изрази благодарност и надеж дека пак ќе дојде во градов. Репрезентативците пак се вклучија во протестите кон Брисел за изоставањето на придавката македонски. Сите играчи ставија потписи на “Манифестот Македониум”. По иницијатива на ФК 11 Октомври, беше поставен пункт пред влезот на стадионот. Љубители на фудбалот и минувачи се потпишуваа пред и за време на полувремето од меѓудржавниот натпревар.

Loading