Збогум за Борче Ангелески – Влашето

In memoriam

Ненадејно, на 68-години почина Борче Ангелески – Влашето, тренер на кадетите во 11 Октомври. Повозрасните го паметат како одличен среден играч, техничар, дриблер. голгетер на Победа. По доаѓањето од родното Крушево во 1960 г., минува богата кариера до 1972 г.. Постигнал вредни голови на гости против Ловќен во Цетиње за пласман во Втора лига и со Вележ за куп во Мостар за четвртфинале. Еден разговор пред децении, доволно кажува кој бил Влашето. На тренинг на ЗИК Прилеп, голманите бранат, се менуваат меѓу стативи. Од 20 метри шутира тренерот и безмалку сите удари завршуваат в мрежа, горе во аголот. Мало дете прашува: Какви слаби голмани, примаат голови од еден тренер. Не се слаби, овај тренер не е обичен, туку Борче Ангелески! Неговите удари не се бранат, објаснил возрасниот. На погребот присуствуваа почитувачи на Ангелески, поранешни соиграчи. Од Струмица дојде легендарниот голман Благој Истатов.

Loading